Македонија

Струмичките еснафи: Заев се фали дека ќе ја заживее скопската чаршија, а ја уништува струмичката

Струмичките еснафи: Заев се фали дека ќе ја заживее скопската чаршија, а ја уништува струмичката

Го гледаме Заев вчера во Скопје се рашетува низ скопската чаршија, а ниту со око не погледнал кон струмичката, а не па да не посети. Тој се фали дека ќе ја заживеел скопската, а ја уништува Струмичката, порачаа денеска струмичките еснафи.

Струмичките еснафи го изразија своето незадоволство од раководството на градоначалникот на Струмица Зоран Заев.

Во своето излагање истакнуваат дека градоначалникот Зоран Заев со прст не мрднал за струмичкиот еснаф. Велат дека градоначалникот прави посета на скопската чаршија и ветува дека ќе ја заживее, во истовреме не обраќајки внимание на струмичката.

Струмичките еснафи револтирани, велат дека Заев не ги посетил, а на нив се сеќава само пред избори.

Нагласуваат дека еснафот во Струмица замира, а градоначалникот пазарот го спомнува само во неговите ветувања дека ќе го покрие и направи модерен и потоа веднаш го заборавања.

-Заев ти си градоначалник на Струмица земаш пари од сите нас, нашиот народ вели прво погледни си во својот двор па после во другите. Се шета во Скопје и им се фали на дуќанџиите дека ќе направел нешто за чершијата, еве ние ви кажуваме дека нипшти нема да направи и дека само лаже. Трет мандат е градоначалник и со прст не мрдна за струмичката чаршија и струмичкиот еснаф, вели занаетчијата Георги Шапков.

Во продолжение проследете го обраќањето на струмичките еснафи во целост: