„Дневник“: Струмичкиот суд бранејќи ја честа на Заев, му ги поништи бомбите

Судењето за Пуч одложено за септември

Струмичкиот суд бранејќи ја честа на Заев, му ги поништи бомбите.  Политичар не може да изнесува партиски и лични ставови претставувајќи ги како непобитни вистини за вмешаност во некаков корпуциски скандал на друг политичар повикувајќи се на снимка чија автентичност не е утврдена или додека не ги сочека официјалните органи да ги утврдат фактите изнесени во снимката. Во спротивно, тој ги нарушува честа и угледот на политичарот за кој коментира, односно дава изјава „само во насока на собирање политички поени, но на сметка на рушење на угледот на противникот“.

Весникот „Дневник“ го пренесува заклучокот што од пресуда донесена на почетокот од месецов од судијата Лидија Аризанова во Основниот суд Струмица.

Ова е заклучокот од пресудата за тужбата на Заев против Сашо Миленковски, претседател на струмичката организација на ГРОМ на Стевчо Јакимовски, кој повикувајќи се на снимката објавена на „Јутјуб“ обвини за корупција на Заев.

Истовремено, за истата снимка против Заев се води кривична постапка за сомневање за барање поткуп.

Миленковски…