Струшка музичка есен по 39. пат

Почнувајќи од денеска до 14 септември во хотел „Бисер“ во Струга ќе се одржи 39. Меѓународна музичка научна манифестација „Струшка музичка есен“, на тема музика и образование.

Манифестацијата која скоро четири децении се реализира на струшкото крајбрежје ќе понуди ретка можност музиколозите, музичките и балетските педагози, музичките теоретичари, музичките медиависти, етномузиколозите заеднички да ги разгледаат прашањата и темите од нивните потесни научни области.

Генералната тема ќе биде обработувана преку анализа на интензивните промени, кои ги зафати музичкото и танцово образование во Република Македонија на сите нивоа.

Струшка Музичка Есен – 2014, во која првпат на заедничка конференција ќе се обединат Сојузот на композиторите на Македонија и Здружението на музичките теоретичари на Македонија ќе има амбиција да отвори дискусија и да ги постави прашањата за квалитетот и квантитетот на музичко и танцово образование, за местото и улогата на музиката и танцот во севкупниот образовен систем во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.