Струшки полицаец побарал мито од 2.000 денари

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против В.М.(27), полицаец во ПО за БПС „Струга“ за сторено кривично дело „примање поткуп“.

-На 28.09.2014 година, околу 11 часот, кај м.в. „Мороишки Мост“ во Струга од страна на пријавениот е извршена контрола на товарно возило „мерцедес“ сопственост на фирма, кое било управувано без патен налог и во кое била превезувана стока без документација, соопштуваат од полицијата.

Пријавениот, за да не преземе соодветни мерки од лице кој бил во возилото и е сопственик на стоката побарал и примил поткуп од 2.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.