Струшките училишта добија струја

Од утре 5000 ученици во Струга и 1000 во Охрид почнуваат со нормализирана настава зо загреани и осветлени училници.

Вкупниот долг на струшките основни училишта „Јосип Броз Тито”, „Браќа Миладиновци” и подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда  изнесува 5 милиони денари. Општина Струга презеде обврска да го исплати, веќе се договори со ЕВН за плаќање на рати.

Струја светна и во централното охридско училиште „Григор Прличев”. По вонредната седница вчера општината изнајде решение за проблемите со блокираната сметка на училиштетo.