вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 14

Струшко семејство нападнато во нивниот дом

Лицето М.А., нејзиниот сопруг Е.А. и нејзината свекрва З.А. биле физички нападнати синоќа во својот дом во Струга, од Ф.Н. и околу десетина други непознати лица.

Е.А.

Поврзани вести

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 22 часот на ул. „Црн Дрим“.

Додека семејсвото било дома и гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата. М.А. отишла да ја отвори вратата каде стоеле непознатите лица, кои во рацете држеле ножеви, метални шипки и други предмети. Во тој момент едно од без повод и причина ја удрил М.А. со шамар и тупаница во пределот на лицето и телото, а потоа заедно со останатите лица влегле внатре каде ги нападнале останатите. По кратко време сите учесници продолжиле да се тепаат во дворот пред куќата, каде првоосомничениот со метална шипка го удрил Е.А. во пределот на главата, кој паднал во безсознание, се наведува во соопштението.

Дел од учесниците биле префрлени во Медицински центар, каде им биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести