Македонија,Крими хроника

Стружанец изработувал и тргувал со распрскувачки материјали

Стружанец изработувал и тргувал со распрскувачки материјали

ПС Струга поднесе кривична пријава против Ж.А.(37) за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“.

На 18.12.2013 година, во с.Делогожда, струшко при извршен претрес во домот на пријавениот пронајдени и одземени се пиштол марка ТТ М 57 со калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол „Берета“ калибар 22 мм. со една празна рамка, пиштол „Револвер“ марка Застава М83/92 со шест куршуми во него, пиштол марка „ГЛОК 17“  со шеснаесет куршуми во истиот, ловна пушка со три патрони, една празна рамка од пиштол, 42 парчиња муниција калибар 9мм, заштитен елек, една пластична кутија за пиштол и две пластични паковки за пиштол.