Стружанец нападнал полицаец среде раскрсница

Триесет и осумгодишен Стружанец од село Велешта доби кривична пријава бидејќи физички нападнал полицаец додека си ја вршел должноста.

Пријавениот манифестирал агресивно однесување и на висок тон почнал да навредува, а потоа и физички го нападнал полицаецот кој на раскрсницата на магистралниот пат према граничниот премин Ќафасан вршел физичко регулирање на сообраќајот.