Стружанец се обидел да силува кавадарчанка во Охрид

Со закани дека ќе повика полиција триесет и тригодишна кавадарчанка се спасила од намерата на млад стружанец насила да ја принуди на секс со него. Но, „запалениот“ стружанец не се спаси од кривична пријава за силување во обид.

Полицијата денеска информира дека Н.В. (25) од Струга пред точно еден месец дошол во станот во кој престојувала кавадарчанката Б.Р. и се нафрлил на неа во обид да ја принуди на секс, но жената му се заканила дека ќе повика полиција, по што стружанецот побегнал.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.