Стружанка продавала хероин за дневница од 1.000 денари

Стружанка во бпизина на еден струшки хотел продавала хероин, кој го обезбедувал  жител на Велешта.

Стружанката, според полицијата, добивала по 1.000 денари на ден, без разлика на количеството дрога кое ќе го продаде.

Кривични пријави за пеовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори добија А.С. (25) од струшкото село Велешта и С.У.(28) од струшката населба Теферич.

Завчера при преглед на ташната на стружанката, полицијата открила 16 паковки хероин. Претресот бил направен откако полицијата добила сознанија дека С.У. во близина на хотел во центарот на Струга продава хероин.

Според СВР Охрид, стружанката секојдневно од А.С. добивала по 20 паковки со хероин, по што телефонски со наркозависници се договарала каде да се најдат за да ја добијат дрогата.

Парите од продажбата С.У. секојдневно му ги исплаќала на велештанецот, а тој ѝ давал по 1.000 денари, независно колку продала дента.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.