Стружанка удрила со камен по комшијата

Расправија прераснала во физичка пресметка вчера во Струга поради нарушени соседски односи.

Шеесет и тригодишната Т.Ц. се сретнала со четириесет и едногодишниот Т.У. Истата со камен го удрила Т.У., кој потоа ја турнал, при што истата се здобила со тешка телесна повреда.

Т.У. е приведен, а на Т.Ц. и е укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар – Струга каде е задржана на лекување.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.