Студен бран: Снег, дожд и ниски температури

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од снег особено во источните делови од земјата.

Во земјава ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од нула до шест степени.

Во Скопје претпладне повремено ќе има слаби врнежи од снег, а во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до четири степени.

Од понеделник следува период на стабилно и суво време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.