Македонија

Студен туш од Нимиц: За чии интереси одработуваа соросовите платеници?

Студен туш од Нимиц: За чии интереси одработуваа соросовите платеници?

Опозициските новинари финансирани од Соросовата фондација, а предводени од уредникот на весникот „Слободен печат“ и порталот „Плусинфо“, Бранко Героски, добија жестока шлаканица од медијаторот Метју Нимиц, кој вчера официјално соопшти дека нов предлог за името нема, објавува Курир.

Медијаторот Метју Нимиц, со вчерашната изјава дека нема нов предлог за името во грчко-македонскиот спор им ја затвори устата на отворените поддржувачи на опозицијата, кои со изминатиов период пишуваа дека ќе има нов предлог, а чија цел очигледно беше македонската страна да се стави во тесно.

-Нема нов предлог за името, дециден беше Нимиц по средбите со преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, на кои се разговарало за состојбата на преговорите, разните пристапи кон решавањето на овој спор, како и за што поскорото продолжување на преговорите меѓу двете страни.

Ваквиот став на Нимиц директно ги негира опозициските медиуми и воедно претставува доказ за пишувањата на Курир дека луѓето платеници на Соросовата фондација во алиби акција за името на државата мешетарат со стари предлози. Соросовите новинари стариот предлог за името го препакуваа како ново решение, но добија вистинска воспитна заушка од медијаторот Нимиц.

Опозициските перјаници предводени од Бранко Героски секојдневно најавуваа дека нов предлог ќе има, но медијаторот Метју Нимиц категорично кажа дека нема, откривајќи ги нивните невистини и манипулации. Предлогот Горна Република Македонија кој го објави БИРН, а на кој се налепија опозициските новинари, е всушност стар предлог кој беше познат од пред една година. Самиот медијатор го брифираше до медиумите, а и лидерот на ДУИ Али Ахмети го потврди истиот уште во 2013-та година.

Героски измисли дека постои нов предлог, Грците ликуваат

Коментарите на уредникот на „Слободен печат“ му се вратија како бумеранг. Героски деновиве на својот Фејсбук профил реагираше преку порака полна со навреди.

-Кај се бе сега куририве и генијалциве од „Република“ да гукнат? Нели Геро го „измисли“ новиот предлог на Нимиц? А? Будали едни.., напиша Героски .

Изјавата на Нимиц дека нов предлог нема, јасно поажува дека Героски навистина го измислил “новиот“ предлог и дека обидот да се реобјави стариот предлог како нов е само неуспешен обид за невешта манипулација.

Фактите говорат дека Бранко Героски, „Слободен печат“ и останатите платеници на СОРОС ја замајуваат јавноста. Дури и самите тие, предлогот кој сега Героски сака да го прикаже како нов, уште во април 2013 го објавија истиот, односно самиот Борјан Јовановски во текст насловен „НОВА открива што содржи предлогот на Нимиц“.

– Горна Република Македонија е името кое ќе го замени ФИРОМ во наредните најмалку 7 до 8 години колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, стои во најновиот предлог за решение на името до чии детали дојде НОВА од дипломатски извори инволвирани во преговорите, стои во текстот објавен на НОВА на 15-ти април 2013 година.

После овие невешти манипулации од соросовите новинари, кои самите себе се побиваат, се поставува прашањето зошто секогаш вакви шпекулации кои немаат никаква допирна точка со вистината се појавуваат кога има разговори. Дали за да и наштетат на Владата, со вакви манипулации и наштетуваат на Македонија?!

Ваквите шпекулации за грчката страна се повеќе од добродојдени. Јасно е дека на Грците ова им се допаѓа и им одговара кога вака се шпекулира, затоа што тоа е дел од нивната игра дека нешто се случува, игра во која купуваат време.

Додека Грците ликуваат на ваквите случувања, се поставува прашањето зоштомакедонските поддржувачи на опозицијата им одработуваат за нивните интереси и зошто ја подриваат македонската преговарачка позиција. Ставот на Нимиц дека нов предлог нема, недвосмислено покажува дека Бранко Героски, Слободен печат и сите останати медиумски опозициски инструменти кои изминатиов период ја убедуваа јавноста дека нов предлог има, всушност претставува само груба манипулација, која народот во изминативе години покажа дека многу лесно ја препознава и поради тоа не им дава доверба.

Тврдењата на „Слободен печат“ се покажаа како голема лага

Героски преку неговиот „Слободен печат“ минатиот месец пишуваше дека до крајот на октомври посредникот во грчко-македонскиот спор за името ќе даде нов предлог.

-Новото меѓународно име за нашата земја да биде „Република Горна Македонија“, јазикот да се именува како македонски, а народот како „граѓани на Горна Македонија“ – ова е новиот предлог што на крајот на октомври во Атина и во Скопје би можел да го соопшти медијаторот Метју Нимиц, дознава „Слободен печат“ од добро упатени извори, пишуваше „Слободен печат“ на 14-ти октомври.

Ваквите негови тврдења се покажаа како уште една голема лага. Октомври помина, речиси половина од ноември веќе истече, а нов предлог за името нема. Доказ за невистините на Героски и останатите опозициски медиуми кои лиферуваа вакви тези дојде лично од медијаторот Метју Нимиц, кој буквално им ја затвори устата.

„Слободен печат“ и Героски и тогаш знаеја дека нема ништо од нов предлог, но сепак го пуштија во оптек за да ја стават македонската страна во тесно, директно загрозувајќи ја нашата преговарачка позиција, затоа што доколку Нимиц навистина дадеше таков предлог, Македонија автоматски ќе беше во далеку полоша ситуација. Сепак, медиајторот вчера беше децивен, нов предлог за името нема.