Студеничани без струја во сабота, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај во понеделник

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека во сабота без електрична енергија ќе останат жителите на Љубош, општина Студеничани, во периодот од 9 до 15 часот.

За во понеденик, 26.05.2014 година, најавуваат дека без електрична енергија ќе останат повторно делови на Студеничани, но и на Карпош, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево и Сарај.

Во општина Карпош во периодот од 7:30 до 9:30 без електрична енергија ќе биде објектот на Тинекс на улица Никола Русински, а додека пак од 11 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Ацо Шопов и Пролетерска.

Жителите на улиците Пробиштипска и Мице Козар, во општина Ѓорче Петров, без електрична енергија ќе бидат во период од 9 до 14 часот.

Во општина Сарај, во периодот од 9 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците 1, 2, 3, 4 и 5 во селото Грчец.

Во периодот од 9:30 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од селото Кучевиште, во Чучер-Сандево.

Во Студеничани, во периодот од 8:30 до 15 часот, без напојување ќе бидат жителите од Љубош, а од 9 до 12 часот, корисниците од улицата број 3 во селото Студеничани.