Студениот бран ја зеде и првата жртва

сараево

Полицијата источно од Сараево потврди денеска дека телото на 88-годишниот маж било пронајдено вчера во шума покрај селото Милевина.

Телото било пронајдено од ловци. Мажот бил облечен во тенка облека и се претпоставува дека починал во текот на ноќта, кога температурата паднала до минус 15 степени.

Босанските метеоролози предупредуваат дека следните денови во БиХ пристигнува нов студен бран. Во Сараево во текот на викендот се очекуваат температури до минус 22 степени Целзиусови во текот на ноќта, а дневните ќе достигнат околу 12 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.