Студениот бран во БиХ ги „турна“ температурите до минус 21 степен

Снежните врнежи и бранот екстремен студ кој од неделата ја зафати Босна и Херцеговина предизвикува значителни тешкотии во сообраќајот во северозападните делови од земјаа, а во понеделникот е забележана најниската температура оваа зима, а на планината Бјелашница утрово е измерена температура од 21 степен под нулата, додека на 30 километри оддалеченото Сараево била минус 8 Целзиусови степени.

Метеоролозите најавуваат и нов снег кој може да се задржи и да изнесува од 5 до 20 сантиметри, но за некои делови од БиХ вонредната состојба во сообраќајот на сила е уште од изминатиот викенд.

Поради големите количества снег тешко проодни се патиштата на поширокиот регион на Ливно, а затворени се неколку регионални патни правци како делницата кон езерото Блидиње.

Ситуацијата во патниот сообраќај ја отежнува и силниот ветер кој созадава снежни навеви на правците кои се отворени за сообраќај. Во поширокиот регион на Бихаќ забележана е снежна покривка чијашто дебелина достигнува 80 сантиметри.

Најостриот удар од овој зимски вбран во БиХ се очекува во вторник и сред, за кога е најавен нов пад на температурите, а прогнозата за главниот град Сареаво е дека таа ќе биде и до 15 степени под нулата.