Студено и ветровито време

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но студено и ветровито. Наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој локално ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од четири до пет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Ќе има услови за провејување на слаб снег.

Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до два степена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.