Студено и врнежливо време за божикните празници

Во Скопје во пладневните часови ќе има повремен дожд, а на некои места појава на краткотраен снег. Температурата ќе достигне до 4 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен јужен ветер и повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а ќе продолжат и во ноќта кон четврток.

Во четврток ќе има преодно заладување и врнежите кои ќе престануваат ќе бидат од дожд и снег и на пониските места.