Студено со утрински температури под нулата

Во Македонија на првиот ден од Новата Година е студено и ведро со утрински температури под нулата.

Најстудено е во Берово каде се измерени -12 степени, потоа Крива Паланка со -11, Тетово со -10, Штип, Прилеп, Демир Капија, Битола, Маврово и Куманово со -9, Дебар и Струмица -8, Крушево, Скопје, Виница и Пожаране -7, Охрид, Ѓуриште и Претор -6 и Тополчани -5. Во Гевгелија утринава се измерени -1 степен, а потопло е во Дојран каде се измерени нула степени.

Снежна покривка има во Маврово до 10 сантимери и во Крушево до 4 сантимери.

За денеска Управата за хидрометеролошки работи најавува сончево време со слаб северен ветер и максимална температура од 3 до 9 степени.

Во Скопје слично време со температурата до 5 степени.

Во вторник изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, а преку денот ќе зголемување на облачноста, особено во западните и северозападните делови на земјава, каде кон крајот на денот ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег. Потоа се очекува промена на временската состојба со повремени локални врнежи од дожд и снег.