Студено утро, дневната температура до осум степени

Времето во Македонија денеска ќе биде стабилно со умерена облачност и со слаб ветер од северозападен и западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температурата до осум степени.