Студено утро низ цела Македонија

Температури под нулата утрово се измерени секаде во земјава. Ниски температури утрински ќе следуваат и во наредните денови, а дневната ќе биде во пораст.

Утрово најстудено според измерените температури е во Маврово со -15, во Берово и Крушево -14, во Лазарополе -13, во Скопје и Крива Паланка -10, во Битола, Штип и Претор  -8, во Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Струмица, Виница, Демир Капија,  -7 и во Гевгелија и Дојран се измерени -4 степени целзиусови.

Времето утрово е сончево и студено со слаб до умерен ветер од севроисточен правец. Температурата денеска ќе се движи од 1 до 9 степени.

Во Скопје времено сончево и студено со температура околу 7 степени.

До петок времето ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен правец. Утринските температури и понатаму на повеќе места ќе се спуштат под -3 степени, а дневната температура ќе биде во пораст. За време на викендот повторно ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено на запад.