Студено утро, но сончев ден

Денеска ќе имаме ведро и сончево време, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен и источен правец.Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.