Студено и ветровито време

Променливо облачно, студено и ветровито време не очекува во текот на денешниот ден. Како што информира УХМР, во текот на денешниот ден ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Температурата ќе се движи од минус девет до еден степен.

Стабилното и студено време ќе продолжи и утре и задутре, кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени.

Постепен пораст на дневните температури се очекува од среда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.