Студено време со врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде студено и со врнежи од снег. Ќе има услови за засилен северен ветер, а во јужните делови во пониските места прво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа и таму ќе поминуваат во снег.

Врнежите ќе бидат со слаб, а на планините повремено со умерен интензитет и снежната покривка ќе се зголеми за околу 10 сантиметри.

Минималната температура ќе изнесува минус осум степени, а максималната седум степени. Во Скопје ќе преовладува слично време, со температура до пет степени Целзиусови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.