Студент од Србија ограбувал банки во САД

Дваесет и тригодишниот Марко Перовиќ е меѓу четворицата уапсени во градот Конкорд зараи измама со платежни картички.

Перовиќ е уапсен во Чикаго и се наоѓа меѓу четворицата осомничени за повеќе кривични дела – фалсификување платежни картички, нивно користење, како и незаконски пристап до компјутери во повеќе компании.

Перовиќ по потекло е од Кула, од каде во САД заминал на студии, и во моментов е во затвор во Конкорд. Може да се брани од слобода само со кауција од дури 750.000 долари, што важи за секој уапсен.

Четиричлената банда била уапсена во хотелска соба во близина на трговски центар додека се подготвувала, ккао што рекле од полицијата, за нов поход на банкоматите.