Македонија

Студенти на УИНТ го започнуваат проектот „1000 идеи за подобар Охрид“

Студенти на УИНТ го започнуваат проектот „1000 идеи за подобар Охрид“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ започна со реализација напроектот „1000 идеи за подобар Охрид“. Идејата на УИНТ е преку овој проект да излезе во пресрет на локалната заедница, преку олеснување на секојдневните активности како на граѓаните, така и на приватните компании, јавните претпријатија и сите останати институции во општина Охрид,користејќи ги придобивките на информатичките науки и технологии.

УИНТ реши да одговори на предизвикот т.н. „1000 идеи за подобар Охрид“ преку стратешко приближивање на високото образование, бизнис заедницата, државните институции и граѓаните на Охрид, со цел да придонесе кон развојот на образованието,економијата,здравството,судството,екологијата, сообраќајот,туризмот,промоцијата на културното и историско наследство и генерално подобрувањете на квалитетот на животот во Охрид.

Преку развојот на иновативни решенија за урбаните и социјални проблеми и креирање на технологии достапни за локалната заедница, проектот “1000 идеи за подобар Охрид” цели кон создавање на иновациска мрежа помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле “и локалната заедница, која води кон прогрес во развојот и прифаќање на е-услугите и поставување на нови стандарди за испорака истите во рамките на градот Охрид.

За оваа цел Универитетот ќе спроведе истражување преку кое ќе се детектираат потребите на граѓаните, приватните компании и сите останати институции, кое ќе овозможи информации за понатамошните фази за реализација на проектот.