Македонија

Студентите добија ваучери за набавка на таблети

Студентите добија ваучери за набавка на таблети

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Димитар Трајанов, денеска доделија ваучери за набавување таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби, пренесе МИА.

– Денеска ја започнуваме акцијата за доделување ваучери, каде што  во вредност од 8 илјади денари можете да набавите таблет со тастатура до 25.јуни. Министерството за информатичко општество и администрација додели 4.570 вредносни на Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј”  вкупно 1.916, на Универзитетот ,,Гоце Делчев” од Штип 879, на  Универзитетот „Климент Охридски” од Битола 652, на Државниот Универзитет во Тетово- 855, Св. ,,Апостол и Павле” во Охрид 27 и на останатите приватни факултети вкупно 241 вредносен бон ваучер. Остануваат уште 728 за кои треба да се направи дополнителна проверка за да се увиди дали и ним може да им се доделат вредносни ваучери,  рече Ивановски.

Tој додаде дека вкупната бројка на студенти кои аплицирале изнесува 7.290, од кои 1.647 биле со повисок приход на родителите и поради тоа се одбиени и уште 291 кои не ги исполниле условите пропишани со Законот за издавање на вредносни бонови–ваучери.

Министерот Ивановски ги повика студентите да се обратат до своите факултети што поскоро, почнувајќи од утре,  со цел да ги добијат своите ваучери.