Балкан

Студентите и просветните работници на протест во Атина

Студентите и просветните работници на протест во Атина

Студенти, ученици и вработени во образованието денеска ќе излезат на протестен митинг во Атина против намалувањето на бројот на вработените во училиштата и универзитетите.

Синдикатот на наставниците исто така апелираше за учество во протестот.

Вработените во Универзитетот во Атина соопштија дека се противат на политиката на скратувања во образованието и оти бараат враќање на работа на отпуштените работници.