Студентите на УКИМ со хуманитарни акции за поплавените

Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска и утре ќе организира две хуманиратни акции за настраданите од поплавите во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.

„Првата локација е во кампусот на Технолошкиот факултет во периодот од 12 до 16 часот, а втората локација е на кампусот на Медициските факултети во зградата на Сојузот на студенти по медицина и во зградата на институциите од 8 до 14 часот“, соопштија од Студентскиот парламент.

Во огранизацијата ќе бидат вклучени повеќе студенти од Скопскиот универзитет, а собраните работи ќе бидат испратени до најкризните подрачја. Од СПУКИМ апелираат да се донира конзервирана храна, вода во шишиња, ќебиња, облека, храна и пелени за бебиња и хигиенски средства.