Студентите: Пендаровски и Фрчковски со срамните навреди кон својот народ треба да се повлечат од политиката

Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар остро реагира и ги осудува навредите кои ги упати Стево Пендаровски и Љубомир Фрчковски кон народот кој ги поддржа големиот собир кој се одржа на 18 мај за силна Македонија.

Ние како студенска организација јавно го поддржавме овој собир на кој присуствуваа над 90.000 луѓе. Навредите од типот на асоцијации како онаа Пендаровски дека народот бил овца, или некаква долна и мизерна класа каква што сакаше да ја прикаже Фрчковски, се одлика на немање на демократски капацитет, тотлитарна матрица, и приказ за егоистичниот карактер на овие луѓе кои во желбата за власт упатуваат навреди кон сопствениот народ. Фрчковски и Пендаровски го навредија народот, ги навредија студентите кои присуствуваа и дадоа поддршка, земјоделците, чесните работници, невработените, професорите, интелектуалците, доктори, и целиот народ кој присуствуваше на собирот.

Пендаровски и Фрчковски треба да се повлечат од политиката, и се без никаков кредиблитет. Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар ќе ги известат сите европски институции за приземниот начин на комуникација, за ваквиот некоректен и навредлив политички речник кој создава раздор во граѓанското ткиво.