Свет

Студентите побараа оставка од лидерот на Хонг Конг

Студентите побараа оставка од лидерот на Хонг Конг

Студентските лидери на продемократските демонстрации во Хонг Конг предупредија дека ако лидерот на територијата  не поднесе оставка до утре, ќе ги активираат протестите и ќе ги окупираат важните владини згради.

– Студентските лидери беа на средба со претставник на централната кинеска Влада, но не и со главниот администратот на Хонг Конг, Лајн Чунин и побараа тој да поднесе оставка, изјави претставник на Хонгкошката федерација на студенти.

Илјадници демонстранти денеска окупираа неколку клучни реони во градот со барање за реформи на изборниот систем.