Македонија

Студентите повеќе не наседнуваат на манипулации

Студентите повеќе не наседнуваат на манипулации

Студентите повеќе не наседнуваат на манипулациите и дезинформациите околу државниот испит во високото образование кои изминативе денови се пласирани од страна на опозицијата и структури блиски до неа, објавува Курир.

Маските паднаа, студентите сфатија дека се изманипулирани од партијата која покажа дека тие се личен партиски интерес за остварување на нејзините цели, покажувајќи негрижа за нив. Најдобар доказ за ова е денешното фијаско на протестот во Штип, каде излегоа само околу шеесетина млади луѓе, од кои голем дел поддржувачи на најголемата опозициска партија, СДСМ.

Студентите не дозволија да бидат манипулирани со концептот за зголемување на квалитетот на високото образование, иако некои се обидоа истиот во јавноста да го прикажат како екстерно тестирање, а не државен испит, нешто што е сосема различно и чија единствена цел е студентите да полагаат со знаење, а не со купени дипломи.

И покрај сите повици и организирање на студентите да излезат на денешниот протест во Штип, сепак студентите не дозволија да бидат изманипулирани и застанаа на страната на квалитетот и заложбата дипломите да бидат еквивалент на знаење, а не парите.

Со ова, студентите покажуваат свесност дека со државниот испит кој е во нивен прилог, ќе се направи една разлика помеѓу студентите кои својата дилома ја стекнале со знаење и напорно учење, наспроти оние кои со пари сакаат да стигнат до неа. Токму поради ова, државниот испит се воведува со причина оној кој на било начин и мотив успеал да добие оценки без знаење, да се натера да научи и да биде рамноправен со тие што учеле.