Студентите се изманипулирани: Нема екстерно тестирање, туку државен испит

Екстерното тестирање е манипулација, концептот на македонската влада е државен испит. Истиот има единствена цел –зголемување на квалитетот на високото образование во Македонија, пишува „Курир“.

Таквиот предлог на Владата е против појавата на дипломи платени со пари, а без реално знаење. Оваа реформа директно оди на сметка на оние кои учат, кои вложуваат труд и чесно и напорно се борат за диплома. Таквите студенти воопшто не треба да бидат засегнати, напротив тоа ќе биде потврда за нивното знаење.

Прашањата ќе бидат претходно објавени, а материјалот кој ќе се полага ќе биде за првите две години од полагањето, а потоа кога ќе стигнат до четврта година ќе се полага за последните две години. Што е дополнително олеснување, оној кој реално ги заслужил оценките лесно ќе го положи самиот државен испит.

Она што многумина не го разбраа пред да го критикуваат е тоа кој ќе полага државен испит на факултет. Првата година во која ќе се полага овој испит е 2017-та, за генерациите кои студирањето ќе го започнат во учебната 2015/2016.

Студентите и јавноста деновиве беа дрско изманипулирани од структури блиски до опозицијата Во јавноста намерно се внесе забуна од страна на опозицијата и инсталациите на СОРОС дека државниот испит е всушност екстерно тестирање. Тоа не е така.

Огромна е разликата меѓу екстерно тестирање и државен испит

Екстерното е за проверка на професорите, а државниот испит е за обезбедување на минимум знаење на студентите. За да се помине државниот испит студентот не мора да ја потврди оцената која веќе ја добил, туку да покаже знаење барем за најниската прелазна оцена, односно 6-ка.

Кај екстерното учениците се оценуваат, а резултатите се знаат по извесен период. Кај државниот испит е доволно да се положи испитот, а резултатите се веднаш познати.

Кој и зошто ги манипулира студентите?

Ситуацијата е загрижувачка и вели дека студентите се изманипулирани, иако имале чесни намени. Состојбата покажа дека тие биле изманипулирани од СОРОС и опозициските партии кои им создадоа лажна слика за состојбата и претставија проект кој е непостоечки, поттикнати од идеја која се уште нема свој концепт, не е помината во Влада и не минал низ јавна расправа.

Најскандалозно е тоа што во организација на протестот учествуваа професори од редовите на СДСМ, за кои дознаваме дека самите ги прекинувале предавањата за студентите и тие сами да може да протестираат.

Опозицијата намерно манипулира и ги злоупотребува студентите со цел да поттикне незадоволство и да создаде глобална слика на незадоволство.

Тие суштински не придонесуваат во процесот туку ан блок се отфрлаат.

Тоа СДСМ и послугата на СОРОС ги става дека се во директна заштита на дипломите купени со пари и девалвирање на образовниот процес.

Што и како ќе се полага?

Испитот ќе се полага на крајот на втора и на крајот на четврта година, што значи дека првиот државен испит ќе се спроведе во 2017 година, а следниот две години подоцна.

Испитот, кој ќе се полага на крајот од втора година, ќе биде за материјата изучена во прва и втора година студии, а вториот циклус државен испит, кој се полага на крајот на четврта година, ќе биде со прашања од материјата на предметите од трета и четврта година високо образование.

За разлика од екстерното тестирање, во државниот испит воопшто не е предвидена никаква контрола врз професорите.

Не е вистина дека ако студентот не го положи државниот испит, ќе изгуби година, оцена или услов, туку државниот испит може да го полага неограничен број на пати, се додека не го положи.

Полска, Чешка, Унгарија и Словачка се само дел од земјите каде студентите полагаат ваков испит пред дипломирање. Она што кај нас ќе биде различно е фактот што на студентите ќе им се олесни полагањето, кое ќе биде ставено во два дела, со однапред познат базен на прашања.

Нема диплома без знаење!

Од друга страна Владата има обврска да го подобри системот. Има особено струки и професии каде способноста и квалитетот се пресудни. На пример доктори, кардиолози, хирурзи, стоматолози инженери, градежници….дипломите без знаење се опасни и за самото општество

Мора да има проверка на знаењето на студентите зашто тоа, како што вчера појанија за МИА, е од интерес на општеството, на сите нас и на самите студенти. Неопходно е да постои некој минимум стандард кој треба да е исполнет од студентот, пишува порталот „Курир“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.