Студентите утре, пензионерите викендов, бесплатно во воз

Повеќе од 1.500 пензионери и 600 студенти во јули ја искористиле можноста бесплатно да ги користат услугите на Јавното претпријатие „Македонски железници“, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Процедурата за вадење на бесплатен билет е следнава, за студентите потребно е да имаат студентска легитимација или индекс и истата да ја покажат на продажното место за билети откаде ќе им се издаде бесплатниот билет, кој можат да го чуваат во себе за секое користење на оваа услуга да не треба да вадат нов. Пензионерите пак, на билетарата, или при качување во возот, доколку во населеното место нема билетара, потребно е со себе да носат легитимација, поточно лична карта, со која ќе се потврди дека жената има 62, а мажот 64 години.

„Ова е добра можност сите кои патуваат, а спаѓаат во овие категории на граѓани, да заштедат. Владата и Македонски железници, по добиените податоци за користење на оваа услуга, оценија дека е позитивна. Имено во текот на јули беплатно во воз се возеле 1.500 пензионери, 3.500 млади лица до 27 година и повеќе од 600 студенти“, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде и дека максимално се користи услугата за купување на повратен билет со 50 отсто попуст. Оваа услуга ја искористиле повеќе од илјада лица, а најмногу се патува од Скопје, Велес, Битола и Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.