Свет

Студентите во Лондон бараат бесплатно образование

Студентите во Лондон бараат бесплатно образование

Студентите во Лондон денеска масовно ќе излезат на протест против високите школарини и ќе го изнесат барањето за бесплатно образование, пренесува лондонски Гардиан.

Се претпоставува дека овој студентски протест ќе биде најголем во последните четири години, илјадници луѓе се очекува да маршираат низ центарот на Лондон за воведување бесплатно образование.