Студентка го извршила нападот во Анкара – бројот на жртви се искачи 37 загинати

Турските власти ја идентификуваа Сехер Чајла Демир, студентка на универзитетот Балик Шехир, откако пронашле остатоци од нејзините прсти во автомобилот.

Таа биле член на Курдската работничка партија, неодамна обвинета за учество во терористичката организација.

Се уште не е официјално потврдено дали во нападот учествувале и други напаѓачи.

Синоќа турскиот претседател Ердоган порача дека нападот нема да ја намали решителноста на Турција во борбата против тероризмот.

„Тероризмот ќе биде фрлен на колена. терористичките организации напаѓаат невини цивили, зашто ја губат борбата против нашите безбедносни сили“, оцени Ердоган.

Иако никој не ја презеде одговорноста, сите сомнежи се насочени кон курдските милитанти.

Експлозијата на автомобил бомба се случи во квартот Кизилај, а бомбашите експлозивот го активирале меѓу два автобуса за да има што е можно повеќе жртви.

Во Турција од синоќа се забранети социјалните мрежи фејсбук и твитер со цел да не се шират фотографии од местото на масакрот.

Ова е трет напад во Анкара за пет месеци.

Во минатомесечниот напад, кога автомобил бомба експлодира во близина на штаб на турската армија загинаа 29 луѓе, најголем број офицери.