Крими хроника

Студентка силувана во Штип

Студентка силувана во Штип

Дваесет годишна студентка на медицина била брутално силувана во Штип, објави телевизијата „Стар“.
Рано утринава таа е донесена во Клиничката болница, кадешто е задржана на понатамошно лекување.
Извори за телевизија „Стар“ појаснуват, дека девојката е во шок и одбива секаква комуникација, дури и со најблиските.

Силуваната девојка утринава ја прегледале лекари – специјалисти по различни области и констатирале дека таа била жртва на силување, а дезориентираноста , упатувала на сомнеж и за можно нејзино дрогирање.

Засега е непознато каде и кога бруталниот чин се случил. Според информации до кои дошлаТВ „Стар“, девојката синоќа била на студентска забава. Таму се забавувала со свои блиски пријатели и колеги од факултет, а освен сок, се пиело и алкохол. По ова, девојката, заминала во друштво на неколкумина, но каде завршила, се’ уште, не знае никој.

Полицијата потврдила  дека имало дојава за хопситализирана девоја, но другите детали засега остануваат непознати.