Студентка во судница го расплака човекот кој ја силувал

Дваесет и тригодишната студентка Џесика Ховард од англискиот град Норвич храбро се соочила со нејзиниот силувач Клајв Ховард (57) откако судот му изрекол казна доживотен затвор во траење од најмалку десет години и три месеци за седум силувања, три киднапирања и еден обид за силување во период измеѓу 1986 и 2014 година, пренесува британски Mirror.

„Ме понижи“, му рекла студентката која се одрекла од своето право да остане анонимна и храбро се соочила со монструмот кој ја силувал.

„Ми ја одзеде контролата и поради тебе моето тело сега е безживотен предмет без никаква вредност. Сакав да повратам кога се сетив што ми направи“, изјавила несреќната девојка.

„Како прво, ме понижи: близок пријател ме виде гола, како плачам и врескам на под. Се обвинувам себе си за силувањето, се обвинувам себе си затоа што влегов во твојот автомобил. Морав да го гледам лицето на мајка ми кога ја виде својата единствена ќерка како е повредена на најлош можен начин“, рекла младата студентка.

„Направи да ми е невозможно да уживам во моментите на среќа. Твојот напад го фрла во сенка секое парче радост во мене“, завршила Џесика со своето обраќање кон силувачот.

Ховард, опишан како „ноќна мора на секоја жена“, почнал неконтролирано да плаче после зборовите на девојката, а судијата неговата реакција ја нарекол „крокодилски солзи“.

„Оваа парница се водеше поради сексуални напади во текот на многу години. Две жртви опишаа дека сте ги удирале по задниците – тоа е дополнително понижување. Очигледно се работи за планирани напади и одбирање на мети“, рекол судијата.

Ховард, кој инаку е механичар, како мета за силување барал осамени жени. Уапсен е откако Џесика го опишала неговиот автомобил после силувањето.

Таа влегла во неговиот автомобил кога и` понудил превоз после излегување. Детективите ги пронашле снимките од надзорните камери од пораните часови таа вечер на кои се гледа како кружи низ градот и бара сами жени.

Со истрага и ДНК анализа било утврдено дека нападнал две жени минатата година. Подоцна се дознало дека една жена ја силувал дури шест пати во 1896 година.

Clive Howard court case

Опишувајќи еден напад од 2013 година, обвинителот Вилијам Картер рекол: „Ховард ја зграбчил, ја фрлил на под и ја држел доле. Таа се борела со сите сили, но не можела да го помрдне од себе“.

За време на борбата, неговата ДНК се нашла под ноктите на жртвата и подцна бил поврзан со случајот во Норвич.

После судењето, детективот Крис Бурџс го опишал силувачот како „осамен предатор“кој често посетувал страници за пронаоѓање партнер и изнајмувал проститутки.

Тој имал шест деца од брак, но не е во контакт со нив, а од распаѓањето на бракот живеел со своите родители. Во времето на апсењето бил во врска со 82-годишна жена.

Во последниот месец се јавиле уште 15 жени кои можеби ги силувал Ховард, а детективот Бурџс верува дека ги има и повеќе.