5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Студентот Петревски најсреќен во Дебар

Православните верници во Дебар ја продолжуваат традицијата и за големиот православен празник Богојавление-Водици. Во црквата „Света Петка“ освен постојаните жители од градот, на богослужбата и фрлањето на советениот крст присуствуваа и поголем број дебрани кои жвеат во други градови во државава.

Светиот крст во базенот, што се наоѓа во дворот на црквата го фрли намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски.

Меѓу петте момчиња кои скокнаа по чесниот крст најреќен беше Чедо Петревски, студент на ДИФ.

Пресреќен сум. По вторпат скокам по Светиот крст, а сега првпат ми се насмевна среќата. Посакувам многу здравје, среќа, радост за сите, мир и благосостојба воцелиот свет, рече Петревски.

Црковниот одбор за него обезбеди награда, а со пари го даруваа и верниците.

Кумството на Водици за следната година го превзеде семејството на Владимир и Надица Стефановски.