„Студентската“ хистерија на СДСМ не доби поддршка од студентите

Студенти денес не излегоа на улица повикани од Пленумот и покрај тоа што мегафоните на СДСМ, цел ден преку социјалните мрежи повикуваа на протест.Но, откако пропадна „Шарената револуција“, платениците на СОРОС и на СДСМ некако мораат да ги оправдаат хонорарите, па одлучија наместо студентите, тие да го поддржат нелегитимниот пленум. СДСМ и денес повикуваше граѓани да излезат на протест дури и на оние кои местото навистина не им беше таму, пишува „Курир“.

protest2-plenum

koj-protestira-so-plenumot

Повозрасни лица, дел од нив и пензионери излегоа пред СПУКМ буквално не знаејќи за што протестираат.

koj-so-plenum

Но, денешниот протест е само уште еден доказ дека деструкциите на СДСМ не поминуваат кај граѓаните. Студентите не ги поддржаа погубните политики на опозицијата, а уште помалку го поддржуваат насилството кое Пленумците синоќа го манифестираа врз своите колеги.

ФОТО: НОВА