Студентската кампања против ЈСП ги засили контролите во автобусите

Сдуденстката иницијатива, со која се бара бесплатен јавен превоз и на студентите, а не само за средношколците и за пензионерите, деновиве се повеќе се шири на социјалните мрежи. Со пораката „Искористениот билет дајте го на некој што влегува“ тие иницираат повеќекратна употреба на еден билет на ЈСП, на тој начин што патникот кога излегува од автобусот својот билет за едно возење му го предава на оној што допрва влегува во автобусот, па така тој не мора да купува нов билет.

ЈСП, денеска информираше дека организаторите на кампањата се пријавени во полиција. Воедно, од претпријатието посочија дека службата за контрола на билети работи со засилени тимови кои се овластени да го казнат патникот што го дал билетот и патникот што го прифатил билетот.

Оттаму потсетуваат дека патувањето без билет се казнува 1000 денари веднаш или 50 евра во прекршочна       постапка.

jsp1