Балкан

Студентски протести во Белград

Студентски протести во Белград

Белградските студенти денеска протестираат бидејќи бараат подобри услови за студирање.

Големата колона студенти денеска тргнаа од платото кај Филозофскиот факултет кон зградата на Министерството за образование. Колоната поминала низ центарот на градот, а со студентите од Вождовац ќе се сретнат на плоштадот „Славија“.

Студентите носат транспаренти „Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност“, „Кого го лажете“ и „Зашто пак ние“.

Студентите не се задоволни со усвоените измени на Законот за високо образование, а пред сè со укинување на апсолвентскиот стаж и помал број испитни рокови.

Најавени се протести и во Нови Сад и во Косовска Митровица, а утре и во Нови Пазар.