Студентскиот дом „Гоце Делчев“ комплетно ќе се реконструира до 2016 година

Министерството за образование и наука го објави тендерот за реконструкција на еден од блоковите на Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Како што денеска наведе министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, ќе се реконструираат сите четири блока, во две фази, а  целосната реконструкција би требало да заврши  до 2016 година.

„Во првата фаза,  вредноста на реконструкцијата се планира да изнесува над 70 милиони денари. Тендерот ќе оди фазно. Во наредните две години се очекува да бидат комплетно санирани, односно реконструирани сите четири блока на домот „Гоце Делчев“, изјави Ристовски.

Тој апелираше до студентите да имаат разбирање за тоа што во текот на реконструктивниот процес делови од домот парцијално нема да бидат во функција.