Студентскиот пленум прочитан, студентите не сакаат да протестираат за СОРОС

Студентите изманипулирани и измамени не сакаат да го поддржат Студентскиот пленум кој се огласи како организатор на масовниот протест кој се одржа на 17 ноември оваа година.

Како што поминува времете се покажа дека членовите на Пленумот се истовремено и масовни поддржувачи на СОРОС, како и членови на опозициската СДСМ.

Денеска, откако ја знаат вистината дека не се протестира за екстерно оценување, студентите покажуваат дека не можат да бидат излажани. Тие знаат дека целта на Пленумот кој е платен од опозицијата е да ги вознемири и да прикаже лажна слика за она што вистински и реално се случува.

Откако се дозна вистината дека ќе има само државен испит, пропадна протестот кој беше организаран во Штип каде од 20.000 студенти на улица излегоа едвај 60-тина.

Се најавуваа повторни протести кои премногу од очигледно е дека ќе доживеат крах.

ssstudentiiii

Студентите поддржуваат државен испит, манипулациите продолжуваат

СДСМ и СОРОС заедно со своите полуги, намерно продолжуваат да внесуваат забуна кај студентите, отворајќи дилема дека ќе се полагало екстерно наместо државен испит. Продолжува спамирањето од страна на медиумите на СОРОС, спорејќи околу тоа дали е екстерно полагање или државен испит, во услови кога децидно беше ставено на знаење дека не станува збор за никакво екстерно тестирање.

Разликата меѓу екстерно тестирање и државен испит е огромна. Екстерното е за проверка на професорите, а државниот испит е за обезбедување на минимум знаење на студентите. За да се помине државниот испит студентот не мора да ја потврди оцената која веќе ја добил, туку да покаже знаење барем за најниската прелазна оцена, односно 6-ка. Кај екстерното учениците се оценуваат, а резултатите се знаат по извесен период. Кај државниот испит е доволно да се положи испитот, а резултатите се веднаш познати.

Тоа што опозициската партија и структурите на СОРОС упорно се држат околу ширењето на дезинформации околу наводно екстерно полагање покажува дека имаат намера на тој начин да внесуваат нервоза кај студентите и преку лажни информации да ги манипулираат и повикуваат на протести.

Студентите се чувствуваат изманипулирано, тие велат дека државниот испит е концепт кој го поддржуваат. Ова се дел од нивните изјави:

-Првично бевме информирани дека станува збор за екстерно тестирање, но потоа излегоа информации дека станува збор за државен испит. Ние како студенти го поддржуваме тоа. Најпрво ќе се подобри квалитетот на образованието и кадарот кој ќе се формира.

-Таква реформа е потребна поради тоа што знаеме дека има различни факултети, некои приватни, некои државни. На приватните, како што сите знаеме, многу полесно поминуваат студентите. Јас мислам дека со тоа би се подобрил начинот на студирање на студентите. Тоа ќе важи од наредните генерации, нема нас да не зафати.

-Прво се ширеа дезинформации низ медиуми и интернет дека станува збор за екстерно тестирање. Но, всушност и премиерот самиот даде изјава дека станува збор за државен испит. Значи тој истиот испит може да се полага повеќе пати со тоа што се стимулира самиот студент повеќе да учи.

-Прашањата ќе бидат достапни доволно за да можат самите студенти да се спремат за да ги одговорат тие прашања. Студентите кои поминуваат со платени дипломи, без учење и со врски, дури и тие ќе мораат да седнат да учат за да можат да ги поминат.

МОФ ја има главната улога во протестите

Освен функционерите на СДММ кои директно се насочени кон организирањето на протести на студентите, во целата операција е вклучена и мрежата на МОФ, која пак е координирана и финансирана со големи износи од СОРОС и чии структури ја имаат главната улога во протестите.

МОФ е организација чии луѓе го сочинуваа и Студентскиот пленум, кој беше профилиран како неформална иницијатива која застана зад организиранјето на студентските протести.

Рецептот за протести е веќе виден. Манипулација, извртување на реформата и заплашување, како и многу финансиски средства и инфраструктура овозможена од СДСМ.

Манипулацијата се случи во моментот кога СДСМ на прес конференции и подоцна дел од студентските структури под нивна контрола излегоа со тврдење дека станува збор за екстерно тестирање, нешто што не беше воопшто вистина и се утврди како голема лага.

Вториот сегмент беше користење на инфраструктурата на СДСМ, преку партиски војници пратени на протест и организации финансирани од СОРОС. Повторно Соросовата фондација замеша прсти преку МОФ, чии пак луѓе во најголема мера го контролираат Студентскиот пленум, кој формално и не постои.

mof

Каква е поврзаноста на МОФ И СОРОС?

Близу еден милион евра донации од СОРОС земала невладината организација Младински образовен форум во период од четири години. Милионските суми кои како донација се слевале на сметката на МОФ биле од претставништва на СОРОС во повеќе земји. Најголем донатор на оваа невладина организација се јавува токму ФИООМ, претставништвото на СОРОС во Македонија, објавија повеќе медиуми во јули минатата година.

Милионски суми за независни проекти, или навидум независни. Во период од 2008-2011 година, според извештаите во касата на МОФ од ФИООМ се слеале вкупно 46 милиони 663 илјади денари или околу 750 илјади евра. Донациите на македонското претставништво на СОРОС во МОФ растеле секоја година. Во 2008 донирани се над 4 милиони денари, во 2009-та над 8 милиони. Донацијата кон МОФ на ФИООМ во 2010-та година значително се зголемила, па во касата на невладината организација се слеале над 18.500 милиони денари. Во 2011 година над 15 милиони денари завршиле како донација од ФИООМ во МОФ.

Ова може да се забележи од јавните финансиски извешти објавени од МОФ, според кои донациите од СОРОС растеле од година во година.

Уште едно претставништво на СОРОС кое учествува во финансирањето на МОФ со значителна сума на средства е Open Society Foundation Budapest. За четиригодишниот, претходно наведен период, ова претставништво во МОФ донирале над 4 милиони денари. Нешто помалку од 4 милиони денари во МОФ за истиот период се донирани и од Open Society Foundation London/NY кое исто така е странско претставништво на фондацијата СОРОС.

Според горенаведените податоци Младинскиот образовен форум (МОФ) од 2008 до 2011 година на своето конто добило 55.128.000 денари или 899.315 евра парични средства директно од фондацијата СОРОС како од Македонија така и од други земји.

mof-eskterno-500x396

Дел од лидерите на МОФ се активисти на СДСМ

Поранешниот премиер Владо Бучковски, во колумна објавена во декември минатата година пишува дека МОФ е еден од с(п)иновите на Соросовата фондација – Отворено општество Македонија.

-Разочарувачки е за мене кога млади луѓе што имаат политички амбиции користат говор на омраза. Ги запомнив имињата на двајца од тројцата млади луѓе што истурија грст навреди кон мене и кон другите двајца основачи на Алијансата за позитивна Македонија. И двајцата се дел од младината на СДММ, еден од нив бил и член на Извршниот одбор во Гази Баба.Тешко на таа партија што има ваква младина! Но, да не берам туѓо гајле. Бев револтиран од односот на организаторот, извршниот директор на МОФ, наместо да се огради од говорот на омраза на овие млади луѓе, се огради од мојот настап, иако знаеше за моите ставови! Kако и да е, се надевам дека организаторот ќе смогне сили јавно да се извини за навредите и за клеветите што беа изречени за мене и за другите двајца основачи на Алијансата за позитивна Македонија…, пишува Бучковски.

Кои опозициски членови од СДММ застанаа зад протестите?

Алек Гочев е момчето кое можеше да се забележи и на протестите на земјоделците, стејчаците, протестираше со средношколците против екстерното тестираер, а и сега со студентите. Него исто така на голем број фотографии можеме да го видиме во друштво на високи функционери на СДСМ.

alek-s

alek1-500x396

Како еден од организаторите на протестот беше спомнат „Студентски пленум“ кој беше наречен неформална студентска организација. Член на оваа организација е и Борис Илиоски, кој може да се забележи во првите редови на студентските протести. Токму Илиевски може да се забележи на низа протести на СДСМ за време на таканаречениот “отпор против режимот“, како и на фотографии со Бранко Црвенковски, коментирајќи дека тој е “сенката на претседателот“. Покрај Илиоски, на коментарите кои кружат на социјалните мрежи, може да се видат и други активисти на подмладокот на СДСМ.

b4

b11 (1)

Бојан Матовски е уште едно момче кое навидим загрижен за студентите излезе на протест. Но тој веќе е познат и по други протести. Матовски, заедно со Гочев, беа организатори на АМАН протестите за поскапување на струјата. Неговата мајка е исто така е дел од невладината организација СОРОС, а самиот Матовски, кој е еден од предводниците на протестите е уживател на опојни дроги.

10822591_10205452886989761_684227511_n

10846614_10205452888869808_505022173_n

bojanmatooovskiii

BBBBBBBBBBBBBB

Гордан Шутаров е секретар на ЛК СДММ-Карпош. Фотографиран со своите идоли од СДММ и СДСМ, јасно е од кого овој човек е поттикнат да протестира за екстерно тестирање, кое воопшто не е ниту планирано ниту ќе се случи.

sut1

suuttttt

Исто така може да се забележи и дека Војче Стојановски, кој повикуваше на марш против екстерното тестирање има објавено фотографии на кои е во друштво на Јани Макрадули и Стево Пендаровски.

vojce-654x434

vojceeejani-654x342

Свое присуство на протестите имаше најавено и Ивана Туфегџиќ, која е член на младината на СДСМ.

ivana-654x324

ivana1-654x319

На протестите присуствуваа и Ирена Јанчевска, исто така член на СДММ, како и Диме Дојчиновски, член на огранокот на СДММ од Битола.

irena

dime

Димитар Кошиновски, кој е висок фунционер од редовите на СДСМ и кој беше дел од протестите, јавно се залага и за легализација на марихуаната.

dimitar

dimitar1-654x322

Студентските пленуми (подмладоци на СДММ) во текот на вчерашниот ден одржаа состаноци во неколку македонски градови на кои било одлучено дека во текот на следната недела повторно ќе се одржи протест против екстерното тестирање, кое воопшто во ниеден дел од образованието не е предвидено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.