Со студентските избори СДСМ најави што планира на изборниот ден – хаос и нереди

На челниците на СДСМ им е сосема јасно дека на фер, регуларни и демократски избори тие не можат да победат. Затоа соочувајќи се со резултатите од анкетите, СДСМ одлучи да бега од соочување со народот. Но, онаму каде СДСМ сепак испраќа свои претставници, платени од СОРОС да прават нереди, сосема јасно се гледа лицето на социјалдемократите, пишува „Курир“.

plenum-nnnnn-640x306

Порталот напоменува дека така беше синоќа на изборите за избор на претседател на студенти, каде СДСМ си испрати свои претставници од СДММ да бојкотираат и да создаваат нереди. Притоа, на овие лица воопшто не им беше грижа за своите колеги, студенти, туку тие излегоа на терен да си ја одработат агендата за која се партиски поттикнати и платени.

steti-9

Во добро познат стил, овие лица веднаш пристапија насилнички, со ароганција и пцовки да се однесуваат и обраќаат до студентите. Тие ги напаѓаа и вербално и физички се со цел изборот да не се одржи и наместо истиот да помине мирно, да се создадат тензии и нереди. Откако најпрво преку агитирање на лице место, навреди, попречување на новинари во вршење на својата работа, блокирање на изборниот процес и попречување на работата на изборните комисии се обида да го саботираат изборниот процес, тие подоцна се упатија во седиштето на СПУКМ каде предизвикаа штети, пишува порталот.

steti-4

Исто така претставниците на нелегитимниот претставник на студентите, Пленумот, се обидоа да ги украдат кутиите со гласачкиот материјал, кои мораа да бидат спроведувани до СПУКМ под опасност од напад од страна на активистите на СДСМ.

Иако овој избор е важен за студентите, сепак станува збор за настан кој опфаќа група на лица и граѓани. Сепак, СДСМ удри со се што располага. Но, она што синоќа се случуваше беше само најава која граѓаните ја прочитаа.

zaev-sekerinska-spasovski

СДСМ најави што планира на изборниот ден, кога и да собере храброст да се согласи на истиот. СДСМ планира  хаос и нереди, но и насилие, само за да не се случат демократски избори во Македонија.  Затоа што е јасно какви ќе бидат резултатите од едни такви избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.