понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 60

Студија: Во најсилната економија на ЕУ расте јазот меѓу богатите и сиромашните

Студијата објавена од германскиот Макроекономски институт (ИМК) покажува дека разликите меѓу богатите и сиромашните во Германија се подлабоки од пред две децении.

99098140

Поврзани вести

Бројот на Германци коишто живеат под прагот на сиромаштија во најмоќната економска сила во ЕУ пораснал од 11 отсто во 1993 година на 15,3 во 2013 година покажува студијата, според која сиромаштија се сметаат случаите во кои месечна заработка е помала од 60 проценти од просечната плата.

Според студијата на ИМК, разликите меѓу богатите и сиромашните значително влијае и на образованието, здравствената заштита и општиот развој на децата родени во семејства кои спаѓаат во групата сиромашни.

Резултатите од студијата се зачудувачки, ако се знае дека во моментов стапката на невработеност во Германија е рекордно ниска 4,6 проценти, а економскиот раст е стабилен неколку години по ред. Дополнително, од 2010 до 2014 година германскиот економски раст е поголем од другите најголеми економии во ЕУ, земјата има најголем трговски суфицит во светот, а државниот долг спореден со БДП е намален на 68. 6 отсто.

Најчитани вести