Суарез е само за на психијатар

Претседателот на Фудбалската федерација на Уругвај, Хозе Мухика и понатаму останува на ставот дека контоверзниот напаѓач, Луис Суарез не заслужува таква драконска казна поради успешниот обид да го гризне за рамо репрезентативецот на Италија, Џорџо Киелини.

Првиот човек на ФФУ додаде дека ќе било подобто, сега веќе новиот напаѓач на Барселона, да завршел во некоја болница каде ќе остварел контакт со некој психијатар.
“Суарез е со сиромашно потекло и неговата сила е во нозете. Подобро ќе беше да го однесеа во болница и таму да се види со психијатар. Не ги оспорувам спортските санкции, тие се во ред. Она против што протестирам се определени работи кои немаат ништо заедничко со казната. Зборувам за фактот дека тој нема право да стапне на фудбалски терен, дека не може да виде со своите соиграчи во националниот тим, дека не може да оди на фудбалски натпревар и дури не може да учествува во добротворни цели, што се поврзани со фудбалот. Тоа е лудост! Која и да е влада не може да му забрани на некого да посетува фудбалски стадион без потпис на судија. Потоа доаѓа ФИФА и вели дека тој не може да го прави тоа во текот на четири месеци… притоа без легален суд”, изјави Мухика.