Суарез го сонува дресот на Барселона

Поранешниот тимски колега на уругвајскиот интернационалец Луис Суарез, Габри, откри дека бомбардерот на Ливерпул од секогаш бил заинтересиран за преселба во редовите на каталонскиот гигант Барселона.

“Суарез од секогаш бил заинтересиран за преселба во редовите на Барселона. Беше убеден дека ќе дојде и тој ден кога ќе се пресели на “Ноу Камп”. Јас ќе бидам пресреќен доколку Луис потпише за Барселона за време на летниот преоден рок. Мислам дека Суарез ќе биде големо засилување за Барселона. Брзо ќе се адаптира на новата средина, Луис е гладен за трофеии, гладен е за успеси. Фамилијата на неговата сопруга живее во Барселона. Станува збор за искусен фудбалер, за фудбалер со карактер, за изградена личност. Го има тоа што е потребно за да се носи со големиот притисок”, изјави Габи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.