Суарез ја покажа целата своја величина

Суарез ја покажа целата своја величина

Луис Суарез, кој со Барселона е на подготовки во САД, во фудбалскиот свет има репутација на „нечист“ играч. Сепак, додека делеше автограми едно дете му подели комплимент дека е „најдобар фудбалер на светот“, на што напаѓачот на Барса имаше интересна реакција.

„Не сум јас најдобар. Знаеш ли кој е најдобар?“, го праша Суарез детето кое му одговори: „Меси!“

Уругваецот одговори потврдно со насмевка, а ваквиот негов коментар предизвика воодушевување кај сите фанови на Барселона.