Суарез ќе игра против Англија

Селекторот на Уругвај, Оскар Табарез, ги израдува најверните фанови на “светлосините”, но ги разочара тие на Англија, со изјавата дека најдобриот фудбалер за изминатата сезона во англиската Премиер лига, Луис Суарез, ќе го стартува вториот натпревар од групната фаза, дуелот против “Гордиот Албион”.

Победата е императив, единствена опција за двете репрезентации, а таа која ќе го загуби тој натпревар, ќе може веднаш да почне со пакување на коферите.

„Луис Суарез? За нас, за Уругвај, Суарез е најважниот фудбалер. Можам да потврдам дека има голем напредок кога е во прашање неговата рехабилитација. Се е во најдобар ред, тренира со полн интензитет, тренира со останатите репрезентативци. Сигурно ќе игра против Англија”, изјави селекторот на Уругвај.

Дуелот помеѓу Англија и Уругвај ќе се одигра на 19. јуни во Форталеза со почеток во 21:00 часот.